СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат криминалот

Од:

„Наместо да им се извини на граѓаните за пустошот што после 11 години криминално владеење го остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски манифестира цврста решеност по секоја цена да го брани криминилот, неводејќи сметка за интересите на државата и граѓание.

Мицкоски го злоупотребува дури и сопственото членство, ставајќи го насила во функција на одбрана на криминал.
Бадијала сонува Мицкоски, амнестија за криминалот во изминатите 11 година, за насилството и тероризмот што се случи на 27 април, нема да има.

Расчистувањето со криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и правда за сите е државен интерес, секој ќе одговара пред законите, во транспаретна и законска постапка.

Јасно е, додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бранат криминал, СДСМ заедно со граѓаните обезбедува иднина.
Договорот за спорот со Грција е патриотски чин што го гарантира македонскиот идентитет и ја обезбедува македонската иднина со членство во НАТО и членство во ЕУ. Тоа се историски успеси на Македонија коишто само Мицкоски не може да ги прифати. Поважна му е судбината на Никола Груевски отколку иднинта на Македонија.

Македонската безбедност и сигурност се загарантирани, обезбеден е македонскиот идентитет. Ние сме Македонци, нашиот јазик и идентитет се македонски и тоа е потврдено и загарантирано еднаш засекогаш!

Членството во НАТО што се обезбедува преку Договорот, носи огормен раст на економијата, инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните. Истовремено, чекориме кон ЕУ и со тоа заедно градиме држава по европски правила.

Македонија оди напред и нема враќање назад во мрачното минато на изолација, неказнивост, поделби и неизвесност.
Мицкоски и деструктивните сили на чело со Иванов нема да ја закочат македонската иднина. Граѓаните избираат европска иднина, обезбеден и зајакнат македонски идентитет.

НЕ за одбрана на криминалот, ДА за македонската иднина“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавите на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски