Опозицијата најави кривична пријава за Вељаноски

Од:

Коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ денеска повторно блокираше три крстосниците во главниот град искажувајќи незадоволство од случувањата на 24 декември.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски најави дека денеска до Скопското јавно обвинителство ќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието.

– Одговорноста мора да се понесе, политичка и законска, и од тие причини денеска до скопското јавно обвинителство ќе поднесеме кривична пријава против лицето Трајко Вељаноски, за злоупотреба на службената положба и овластување, потпишано од 42 пратеника, изјави Ивановски.

Иницијативите за формирање на комисија за дополнително утврдување на фактите Ивановски ја оцени како бегање од одговорноста на оние кои ги наредиле и спровеле настаните на 24 декември.
Според СДСМ, недозволиво е политичките претставници на ВМРО-ДПМНЕ да се кријат зад институциите кога треба да се соочат со одговорноста.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“