ВИДЕО: Спасени првите две од децата заглавени во пештерата во Тајланд

Од:

Спасувачките екипи извлекоа две од 12 деца, кои заедно со нивниот тренер две неделе се заглавени во една пештера во Тајланд.

За да дојдат до еден од излезите на пештерата, двете момчиња минале четири киолметри.

Спасените деца веднаш се префрлени во импровизирана амбуланта во близана на пештерата каде се подложени на детални емдицински прегледи.

Операцијата за спасување на децата започна претрпладнево и според најавите на локалниот кризен центар, таа ќе трае два до три дена.

– Тие ќе бидат извлекувани еден по еден и тоа ќе трае два до три дена, изјави раководителот на кризниот центар.

Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.

На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и ваќање назад, му се потребни 11 часа.

Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки.

На некои места видливоста во водата е речиси нула.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач