Уапсени двајца Охриѓани, извршиле 19 кражби низ Охридско

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторени 19 кривични дела „тешка кражба“ СВР – Охрид, поднесе кривична пријава против З.Р. (29) и А.Ј. (49) двајцата од охридското селото Куратица. Истражен судија при Основниот суд Охрид им одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Пријавените во изминатите два месеци ги извршиле казнените дела на подрачјето на Охрид и Дебарца, стекнувајќи се со против-правна имотна корист од 180 илјади денари. Сега притворените, со употреба на штрафцигери и друг алат разбивале сигурносни брави од влезни врати и прозорци, а потоа со употреба на физичка сила насилно влегувале во куќите, становите и деловните објекти во Охрид, Подмоље, Требеништа, Мешеишта, Сошани, Лескоец и Рамне, одземајќи пари, сребрен накит, мобилни телефони, ЛЦД телевизори, лап-топ компјутери, цигари, вино, ореви, прашак за перење, сувомеснати производи, моторни пили, електрични циркулари, хилти, бушилици и други алати, ловна пушка, облека и други предмети.

Една од кражбите пријавените ја извршиле откако го забележале клучот од влезната врата оставен под килимчето од семејната куќа.

Со повеќе оперативни активности и претрес кај пријавените полицијата пронашла алат погоден за извршување кражби, како и дел од бесправно одземените предмети. Двајцата приведени се познати извршители на казнени дела и наркозависници, против кои и досега биле поднесувани повеќе кривични и прекршочни пријави, за што А.Ј. бил и затворски осудуван.

Би можело да ве интересира

МВР уапси странец кој крадел во ресторан во Охрид

Горан Наумовски

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

Орце Костов

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов