Катар подготвен да организира Светското првенство со 48 екипи

Од:

Организаторите на Мундијалот 2022 година велат дека се отворени за разговори во врска со учеството на 48 репрезентации на Светското првенство по четири години во Катар.

Желбата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е во Катар да учествуваат 16 тима повеќе од сегашните 32, но тој изрази сомневање дали домаќините ќе можат да се справат со сличен формат. Висок претставник на Катар изјави дека турнир со 48 екипи може да биде организиран само на осум стадиони, во и околу Доха.

– Да, тоа е можно. Ако форматот е направен правилно, тоа може да биде прилично возбудливо Светско првенство, изјави за новинарите во Москва Насер Ал Хатер, помошник-генерален секретар за прашања поврзани со Мундијалот 2022.

Во почетокот на јуни, ФИФА ги одложи разговорите за евентуално проширување на форматот на Светското првенство на 48 тима и во оваа фаза, следното Светско првенство останува со 32 тима.

Светското првенство во 2022 година во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.

Би можело да ве интересира

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Ана Ололовска

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

Ана Ололовска

Кејн е многу разочаран по Мундијалот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Наум Локоски

СП 2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Ана Ололовска

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Ана Ололовска