Домагој Вида, хрватскиот фудбалер кој постигна два гола во четвртфиналето против Русија, сними видео со кое победата после изведените пенали ја ја посвети на Украина.
„Слава на Украина!“, извика Домагој Вида во видео записот од девет секунди, користејќи ја контроверзната фраза за Русите која ја сметаа како слоган на антируските украински националисти за време на случувањата на плоштадот во Киев.
Вида играше за Динамо Киев од 2012 до 2018 година, пред да направи трансфер за Бешикташ.
„Оваа победа е за Динамо и за Украина“, додава Вукојевиќ, исто така поранешен член на хрватскиот национален состав.
Вида, подоцна се извини објаснувајќи дека немал намера да ја меша политиката во спортот. Тој рече дека тоа е “шега” и дека Русите сигурно ќе го разберат.
„Оваа победа е за Хрватска, нема политика”, изјави тој за Sports.ru.
„Тоа беше шега. Имам пријатели во Украина од Динамо Киев, не мислев на ништо друго“.
На прашањето дали е загрижен дека Русите можеби и нема да го сфатат ова како шега, тој рече: „Зошто не би го разбрале?“ „Ги сакам Русите. Тоа сепак беше само шега“, одговори Вида.