Општина Могила врши увид на штетата врз земјоделските култури по вчерашното невреме

Од:

Комисија на општина Могила утрово на терен врши увид и проценка на предизвиканата штета врз земјоделските култури по вчерашното невреме и градот што падна вчера во неколку села на подрачјето на таа општина.

Од општина Могила информираат дека со вчерашното невреме најзафатени и најоштетени биле земјоделските површини во атарот на селата Долно Српци, Вашарејца, Беранци и Ивањевци.

– Општинската комисија е формирана и е на терен. Според информациите штети се предизвикани врз сите земјоделски култури, а најмногу врз тутунот. Но, увид ќе биде извршен насекаде и ќе постапуваме согласно закон и нашите надлежности, соопшти Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила.

Би можело да ве интересира

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија