Надал: Не сакам да играм со Федерер во финалето, не сум глупав

Од:

Рафаел Надал беше во одлично расположение по неговата победа денес на „Вимблдон“. Шпанецот денес немаше проблеми против австралискиот талент Алекс Де Минор и го победи со 6:1, 6:2, 6:4.

По успехот, Рафа зборуваше на теренот, откако сподели дека ќе оди да го гледа четвртфиналето од Светското фудбалско првенство меѓу Англија и Шведска. Шпанецот се појави на прес-конференција по завршувањето на натпреварот, кој Англичаните го освоија со 2:0.

Прашан дали сака повторување на финалето од пред 10 години, кога го победи Роџер Федерер во епскиот натпревар, Надал изјави дека Швајцарецот не е неговиот прв избор, ако треба да избира противник.

– Ако сум во финалето, претпочитам да се соочам со полесен ривал. Јас не сум глупав. Но, ако сум во финалето, тоа ќе биде одлична вест, одговори Рафа.

Со денешниот успех тој си обезбеди останување на првото место во светот.

– Се разбира, повеќе сакам да сум број 1, а не број 2, нема сомнежи во тоа. Мило ми е што ќе играм во втората недела и дека освоив три натпревари. Јас сум задоволен од начинот на кој играв првата недела, додаде Надал.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај