Прерано починатиот музичар и актер, Влатко Илиевски ќе биде погребан во недела, во 12 часот, на гробиштата во Ѓорче Петров.
Телото на починатиот Илиевски ќе биде изложено во капелата од 11 до 12 часот.
33-годишниот пејач беше пронајден мртов вчера вечер, околу 23 часот во автомобил. Причините за смртта се уште не се познати.