Обвинителство: Нема траги на насилство кај Влатко Илиевски

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје ги расветлува причините за смртта на пејачот Влатко Илиевски.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје работи на расветлување на причините за смртта на машко лице, чие безживотно тело беше пронајдено доцна синоќа во автомобил на улица „Трета македонска бригада“ во Скопје.

Според првичните информации, кај починатото лице не биле видливи траги на насилство. Јавниот обвинител издаде Наредба за обдукција на починатиот, како и насоки за прибирање траги пронајдени на лице место на кои ќе претстои вештачење. Возилото е запечатено и исто така е предадено на вештачење. Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски