СДСМ: Зелен покрив на ГТЦ и нови 12 илјади садници, за позелено и еколошки почисто Скопје

Од:

„Продолжуваат заложбите на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов за еколошки почист, функционален и урбан град за граѓаните.

Во таа насока за поздравување е и продолжувањето на соработката на град Скопје со УНДП за поголема одржливост и иновации за справување со климатските промени, вклучувајќи ги и граѓаните во носењето на одлуките и следејќи ги нивните потреби со цел подобар живот за сите.

Интензивното зазеленување на делови од градот со засадување на 12 илјади нови садници на територијата на Скопјеоваа година како и најавенатаизградбата на зелен кров во Градскиот трговски центар се дел од покрупните активности кои што имаат за цел поголема заштитата на животната средина, заштитата од климатските промени и зголемување на отпорноста на Скопје и е воедно и продолжување и на досегашните проекти и активности на градските власти и УНДП.

Зазеленувањето на градот, зелениот кров на Градскиот трговски центар, решавањето на проблемот со Дрисла и Усје, набавката на новите 40 –те еко автобуси и други примери покажуваат дека Град Скопје посветено работи во интерес на граѓаните со намалување на загадувањето, заштита на животната средина, зголемување на енергетската ефикасност и воедно создавање на подобри услови за живеење на граѓаните во главниот град“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Горан Наумовски

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв