НАСА испраќа сонда кон Сонцето

Од:

НАСА привршува со тестирањата на сондата Паркер, која наскоро ќе биде испратена кон Сонцето. Агенцијата ќе го лансира леталото на 4 август годинава, и предвидено е доближување на рекордно мало растојание до нашата ѕвезда.

Мисијата, која би требало да трае седум години, има за цел да се дојде на околу 6,1 милион километри од Сонцето. За споредба, најблискиот објект од Сончевиот Систем, планетата Меркур е 46,6 милиони километри оддалечена од него.

За својата цел, НАСА изработи нов тип топлински штит изработен од јаглеродни влакна и „посебна бела формула”, која ќе треба да одбие што повеќе топлина. Леталото ќе биде изложено на температура од околу 1.370 степени Целзиусови. Ако штитот работи според планот, тоа ќе треба да обезбеди работна температура на електронските компоненти од околу 29 степени Целзиусови.

Сондата е именувана според астрономот Јуџин Паркер, кој меѓу друго, е познат по теоријата за т.н. Сончев ветар.

Би можело да ве интересира

Претежно сончево и релативно топло за овој период

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски