Децата и нивниот тренер кои со денови се заробени во пештера во Тајланд наскоро би можеле да бидат извлечени.
Спасувачите пронајдоа и влегоа во пештерата низ дупка која би можела да се користи како излез за извлекување.
Фудбалерите и нивниот тренер исчезнаа на 23 јуни. Беа лоцирани дури во понеделникот на карпа во поплавената пештера. Веднаш беа снабдени со храна, но со оглед дека во Тајланд е период на монсунски дождови кои го отежнуваат спасувањето беше соопштено дека во пештерата би можеле да останат заглавени дури четири месеци.