Претставникот на Обединети нации, Марк Лоукок следната недела ќе ја посети Северна Кореја. Тоа ќе биде прва посета од 2011 година.
Лоукок за време на посетата, што ќе трае од 9 до 12 јули ќе се сретне со владини претставници, хуманитарните партнери и луѓето кои примаат помош за подобро да ја сфати хуманитарната ситуација во Северна Кореја, се наведува во денешното соопштение од ОН.
На повеќе од 10 милиони луѓе односно на околу 40 проценти од популацијата на Северна Кореја им е потребна хуманитарна помош.