Еден спасувач на Тајланд починал од недостиг на кислород

Од:

Еден спасувач загина за време на акцијата за спасување на 12-те деца и нивниот тренер од пештерата во Тајланд.

Станува збор за поранешниот тајландски морнарички нуркач Саман Гунану кој ја загубил свеста додека излегувал од пештерскиот комплекс, во кој доставувал боци со кислород.

– Неговата задача беше да испорача боци со кислород. Тој немаше доволно кислород за себе додека се враќаше, рече еден тајладски официјален претставник и додаде дека се работи за човек кој некогаш работел во морнарицата, а сега се приклучил на акцијата за спасување.

– Во пештерата е тешко. Тој се удави на патот кон надвор. Негов колега се обиде да му пружи прва помош, но не успеал. Кога го извлековме повторно се обидовме да му пружиме прва помош, но не реагираше, и тогаш го префрливме во болница, изјави командирот на тајландските морнарички фоки Арпакорн Јуконгку.

Тој додаде операцијата за спасување ќе продолжи.

Во акцијата за спасување на децата се вклучени 1.000 лица, а меѓу нив има нуркачи, воен персонал и волонтери.

Локалните власти соопштија дека загрижува и тоа што се намалува нивото на кислород во комората на пештерата во која се наоѓаат децата.

За сега децата се во добра здравствена состојба и редовно им се доставуваат храна и лекови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач