Штип ќе добие стационар за бездомни животни

Од:

Најдоцна до средината на август ќе профункционира првиот стационар за напуштени животни во месноста Новакова Чешма во Штип, најави денеска советникот за односи со јавност во oпштина Штип, Кристина Костова.

Изградбата на стационарот е во финална фаза и останува проектот да добие согласност од советниците во Советот на општината.

– Она што е потребно е да се докомплетира документацијата и таа да се достави до Советот на општина Штип. Пуштањето во употреба ќе зависи од тоа што ќе се добие како финална оценка од Агенцијата за храна и ветеринарство, која треба да даде одобрение за пуштање на употреба на прифатилиштето за бездомни животни. Очекувањата се дека кон крајот на месецов или најдоцна до средината на август би можел да започне со работа, вели Костова.

Во стационарот ќе можат да се згрижат од 15 до 18 бездомни животни на кои ќе им се овозможи хуман третман.

Граѓаните на Штип и од останатите градови од Источниот регион подолго време реагираат на зголемениот број кучиња скитници.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски