Филмот „Сенки“ по сценарио и режија на Милчо Манчевски се прикажува на најзначајниот европски телевизиски канал за филмови и емисии од областа на културата и уметноста, „Арте“. „Арте“ е германско-француски канал и има голема гледаност.
– Филмовите на Манчевски се прикажани на над 200 меѓународни фестивали и дистрибуирани во комерцијалната кино и ТВ-мрежа на над 50 земји, соопшти С-прес.
„Сенки“ беше најгледан филм во Македонија во 2008.Во главните улоги настапуваат Борче Начев, Весна Станојевска, Салаетин Билал, Владимир Јачев, Сабина Ајрула, Ратка Радмановиќ и Филарета Атанасова. Директор на фотографијата е Фабио Чанкети, дизајнер на продукцијата е Дејвид Манс, а автор на музиката е Рајан Шор.