Тајландските спасувачи во трка со времето за спасување на децата заглавени во пештерата

Од:

Тајландските спасувачи се во трка со времето обидувајќи се од пештерата, каде се заглавени 12 деца со тренерот, да испумпаат што повеќе вода за да можат со што помалку ризик да ги извлечат надвор, соопштија денеска локалните власти.

После неколку дена суво време, се очекуваат нови врнежи, а со самото тоа би можело да дојде до зголемвање на нивото на водата во пештерата, што претставува нова закана за заглавените деца.

Според пожарникарите, некои делови од преминот кој води до местото каде се најдени децата, целосно се поплавени, така што за сега единствено можат да излезат со нуркање.

– Она што најмногу не загрижува е времето. Во трка со времето сме, а сега сме во трка и со водата, ја пренесува Би-Би-Си изјавата на локалниот функционер Наронгсак Осатанакорн.

Наронгсак информира дека се разгледува можноста децата, кои не знаат да пливаат ниту да нуркаат, да се извлечат со појаси за спасување.

Во пештерата се инсталирани и телефонски линии кои допрва треба да стигнат до децата за да можат да разговараат со своите семејства.

Се наведува и дека во пештерата е донесен нов телефон, затоа што претходниот паднал во вода и престанал да работи.

Наронгсак рече дека припадници на тајландските морнарички „фоки“ се задолжени да направат план за извлекување на децата и да го проценат ризикот.

Дали сите 13 ќе бидат извлечени во исто време, зависи од нивната состојба, рече Наронгсак.

Некои од лицата вклучени во напорите за спасување се за тоа децата да бидат извлечени што е можно побргу, со оглед на тоа што се најавени нови врнежи кои сигурно ќе предизвикаат зголемување на нивото на водата во пештерата и ќе го отежнат или дури и целосно ќе го оневозможат преминување во некои делови.

Тајландската морнарица вчера на Фејсбук објави две нови снимки на кои се прикажани припадници на „фоките“ кои третираат полесни повреди на стапалата и нозете на децата, а некои од децата и се смеат на шегите на припадниците на оваа морнаричка единица.

На снимката се гледа како други деца спијат покриени со топли кебиња.

Децата и нивниот тренер беа пронајдени живи во пештера на Тајланд, девет дена откако исчезнаа во неа по поплава, исцрпени се и имаат помали повреди, а преживеале со пиење вода која капе од сталактитите.

Спасувачките тимови на Тајланд во понеделникот ги пронајдоа 12-те деца, на вораст од 11 до 16 години, и нивниот 25-годишен фудбалски тренер, кои на 23 јуни влегле во пештерата Там Луанг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач