СДСМ: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја закочат македонската иднина

Од:

СДСМ реагираше на прес-конференцијата на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ. Реакцијата ја пренесуваме во целост.

„ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет за поинаков друг начин на дејствување освен да шири лажни вести, невистини и измислици.

Постигнатиот конечен Договор со Грција е финализирање на Времената спогодба потпишана во 1995 година.

Договорот затвора 25 годишен спор кој земјава ја влечеше надолу, го зајакнува и гарантира македонскиот идентитет и го отвора патот кон полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Тоа е остварување на врвните стратешки интереси.

Договорот е поздравен од целиот демократски свет и граѓаните, освен од ВМРО-ДПМНЕ која не може да го прифати успехот на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ треба јасно да каже дали е за членство во ЕУ и НАТО или се уште сонува за враќање на државата во времето на изолација, нестабилност, поделби и нарушен меѓународен углед.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку манипулации и измислици да ја загрози македонската иднина. Граѓаните слободно на референдум ќе ја искористат историската шанса и ќе го поддржат Договорот што еднаш засекогаш го штити македонскиот идентитет и ја обезбедува иднината.

Граѓаните ќе кажат ДА за влез во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина!“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски