Задоволство од потпишувањето на договорот меѓу Република Македонија и Грција како предуслов за надминување на долгогодишниот спор за името со што се отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји било изразено на денешната средба на заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски со грчкиот амбасадор Димитрис Јанакакис.
Како што соопшти МНР, Жерновски изразил благодарност за поддршката за отпочнување на пристапни преговори на Република Македонија во ЕУ, како и за добивање покана за членство во НАТО на претстојниот Самит во Брисел.
– На средбата беше констатирано дека нормализирањето на билатералните односи ќе води кон значително унапредување на соработката, како во меѓународните организации и регионалните иницијативи, така и во трговската размена и економијата, во области од заеднички интерес, вклучително и во рамки на имплементацијата на Мерките за градење доверб, стои во соопштението.