Во петдневна посета на општина Валандово се наоѓаат ученици од словенечкиот град Трбовље. За нив денеска градоначалникот Перо Костадинов организираше прием.
Преку посетата, учениците од Словенија имаат можност да се запознаат со сите историски сегменти, околните природни убавини како и со предностите и особностите на Валандово.
Целта на посетата, велат од општината, е преку размена на млади да се зајакне и продлабочи поврзаноста меѓу двете општини како и да се воспостави поширока соработка од заеднички интерес која уште долго ќе опстојува и ќе ги поврзува Општините Валандово и Трбовље.
Гостите од Словенија во Валандово ќе престојуваат до 6 јули.