Професионални нуркачи, армиски специјалци и лекари денеска почнале да ги подготвуваат 12-те деца и нивниот учител кои 11 дена се заглавени во поплавена пештера на северот на Тајланд.
Децата добиваат обука за пливање и нуркање, а од површината постојано им се доставува и храна како и опрема која ќе биде неопходна за нивно извлекување. Премиерот Правит Вонгсуван изјави дека просторот низ кој децата мора да се проврат е многу тесен, а надојдената вода ја прави целата операција исклучително опасна. Тие се подготвуваат да бидат подготвени за брза реакција доколку нивото на водата почне да опаѓа.
Спасувачките екипи досега испумпале 120 милиони литри вода од пештерата во обид да го олеснат извлекувањето на децата.