Џенерал Моторс информираше дека продажбата на возила во Кина е на безмалку истото ниво како минатата година, со 858.000 возила продадени во вториот квартал од годинава, што претставува раст од 0,7 проценти.
Најслаб резултат Џенерал Моторс забележа во брендот Бјуик, каде бил забележан пад на продажбата од 16 проценти. Компанијата вели дека причината за ова е воведувањето на новите, иновативни мотори во овој бренд, кои нудат перформанси како далеку поголеми мотори, а трошат помалку гориво. Но, според компанијата, ќе биде потребно време за кинескиот пазар да ја препознае употребната вредност на овие модели.
Падот во продажбата на Бјуик бил надополнет со растот во другите брендови на Џенерал Моторс, како Кадилак и Шевролет.