Законски измени за продолжување на мерката за пет проценти ДДВ за продажба на станови

Од:

За пет години, односно до крајот на 2023 година се пролонгира рокот на примена на повластената стапка од пет проценти, на првиот промет на станбените згради и на становите што се користат за станбени цели, предвидува Предлог – законот за изменување на Законот за додадена вредност, усвоен на вчерашната седница на Владата.

– Измените предвидуваат пролонгирање на рокот на примена на повластената стапка од пет проценти, на првиот промет на станбените згради и на становите кои се користат за станбени цели, а кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата. Со предлог – законот рокот се продолжува за уште пет години односно од почетокот на следната година до крајот на 2023-та, соопшти владината прес-служба.

Продолжување на мерката за пет проценти ДДВ за продажба на станбен простор изминатиот период бараше приватниот градежен сектор. Градежната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија оцени дека ова е една од клучните мерки за стабилизирање на работата во градежниот сектор.

Би можело да ве интересира

Трамп се закани со нови царини за кинеските стоки – стапката може да достигне и до 104 отсто

Предраг Петровиќ

ЛДП повторно ја активира идејата „Викенд без ДДВ“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

Прекин во работењето на системот е-Даноци

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски