Рапидно намален бројот на кандидати кои го положиле теоретскиот дел од возачкиот испит

Од:

Намален е бројот на кандидати кои успеале да ги положат тестовите на новиот метод на полагање на теоретскиот дел на возачкиот испит.

При денешното презентирање на новата апликација во просториите на АМСМ за поголема безбедност, министертката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска презентираше податокот дека од воведувањето на овој метод на полагање на теоретскиот дел на возачкиот испит заклучно со 22.01 годинава во осумте испитни центри во земјава процентот на положени кандидати се движи од 31 до 68 отсто или како средна вредност – 48 отсто положени кадидати од досега пријавените, што пак во споредба со истиот период од 2011/2012 кога се полагаше со стариот систем на тестови за теоретскиот испит и кога процентот на положени кандидати се движееше од 75 до 85 проценти, покажува зголемена ригорозност но и потреба од реално знаење на идните возачи.

Според Јанкулоска освен зголемениот број на прашања и елиминирањето на можностите за учење на комбинациите напамет, веројатно удел во ваквите резултати има и засилениот надзор над работата на испитните центри кој го вршат службени лица од МВР со персонални компјутери, задолжени да обезбедат непреченото одвивање на електронските испити, да ги прегледуваат видео записите од одвивањето на тестовите за секој кандидат поединечно. Со тоа е овозможено надзорната функција над работата на испитните центри да се одвива и од далечина и во реално време

Би можело да ве интересира

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он