Светска банка подготвува нова стратегија за партнерство со РМ, земјоделството приоритет

Од:

Светска банка започнува со подготовка на новата стратегија за партнерство со Република Македонија, во која што земјоделството е високо на листата на приоритетни сектори. Ова, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше тема на денешниот работен состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели.

После неколку години Светска банка назначи одговорно лице за земјоделство во канцеларијата во Скопје, кое од следната недела заедно со МЗШВ ќе работи на анализа на приоритетите кои што може финансиски да ги поддржи во следниот период. За одговорно лице за земјоделство во канцеларијата на Светска банка, е назначенаСилвија Маури.

На состанокот министерот Николовски, ги информираше претставниците од Светска банка за сегашните и идните реформи кои ќе ги спроведува МЗШВ, во земјишната политика, искористувањето на средствата од ИПАРД Програмата, капиталните инвестиции во водостопанската инфраструктура, трансформацијата на шумарскиот сектор, справување со климатските промена и реформата во советодавниот систем.

Посебен акцент беше ставен на креирање услови за организирано договорно производство, подобрување на квалитетот и стандардите и стратегија за извоз на македонските земјоделско-прехранбени производи. Од Светска банка потенцираа дека во оваа област поседуваат експертиза и можност да обезбедат средства за инвестиции во откупно-дистрибутивни центри.

Меѓу другото, Светска банка следната недела ќе го потпише договорот со Европската унија, за спроведување на Функционалната анализа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од која што треба да произлезат идните насоки за системско функционирање на Министерството како институција со цел обезбедување навремени и квалитетни услуги и информации за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда