Заев, тројца министри и Жбогар во работна посета на Прилеп

Од:

Премиерот Зоран Заев и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за финансии Драган Тевдовски и за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска ќе престојуваат во работна посета на Прилеп.

Премиерот Заев, министерот за внатрешни работи и евроамбасадорот Семјуел Жбогар ќе присуствуваат и ќе се обратат на почетокот на изградбата на ИКТ центарот за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет во работата.

Според агендата испратена од владината прес-служба, потоа ќе биде отворена пречистителна станица во Прилеп каде ќе присуствува премиерот Заев заедно со министрите Тевдовски и Дураки, евроамбасадорот Жбогар и градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Кривична за криминална група од Прилеп за трговија со дрога и перење пари

А1он

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски