(ВИДЕО) Арсовски: Со капитулантскиот договор СДСМ ги обесчестува Република Македонија и граѓаните

Од:

„СДСМ со капитулантскиот договор ги обесчестува Република Македонија и нејзините граѓани.

Со срамниот и капитулантски договор Зоран Заев се откажува од името, нацијата, идентитетот, македонското малцинство насекаде во светот“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Џафери и Костовски најавувајќи дека ќе ги објават во Службениот весник без потпис од Претседателот Иванов, законите за ратификација на срамниот Договор помеѓу Република Македонија и Грција, како и законот за јазици, ќе го прекршат најсрамно законот и Уставот“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку го направат истото за едниот закон, вели Арсовски, на Џафери и Костовски им се заканува затворска казна од најмалку 5 ипол години за злоупотреба на службената должност и самовластие, а исто така толкава затворска казна им е запретена и за другиот закон доколку го објават во Службениот весник без потпис од Претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче