Белгиските власти спречиле терористички напад во Франција

Од:

Белгиските власти во текот на изминатиов викенд при полициска операција спроведена во источните предградија на Брисел, спречиле нов терористички напад во Франција.

Белгиското обвинителство за тероризам соопшти денеска дека нападот требало да биде извршен на 30 јуни врз собирот на иранската опозициска група Ирански народни муџахидини (МЕК) во близина на Париз, на кој присуствуваа околу 25.000 луѓе.

Белгиската полиција во саботата уапсила брачна двојка со иранско потекло – Амир С., (38) и неговата сопруга Насимех Н. (33), кои биле запрени додека патувале возило во кое биле пронајдени експлозиви и експлозивни направи и со кое требало да биде извршен нападот.

Приведените Иранци имале документи за престој во Белгија.

Истовремено во Франција и Германија се уапсени уште две лица поврзани со иранската двојка. Едниот е ирански дипломат во Амбасадата во Виена.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт