Министерот Димитров утре во работна посета на Стразбур

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре ќе престојува во работна посета на Стразбур, Франција.

Во рамки на посетата на Европскиот парламент, како што соопшти МНР, Димитров ќе оствари средби со шефови на пратеничките групи во Парламентот, меѓу кои се претседателот на АЛДЕ – Ханс ван Бален, претседавачот со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) – Дејвид МекАлистер кој доаѓа од Европската Народна Партија, како и со неговиот сопартиец Андреј Ковачев.

Во фокус на разговорите ќе бидат натамошните фази од евроинтегративниот процес на Република Македонија, по заклучоците на Европскиот совет минатата недела.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток