Груевски: Ветете го она што можете да го исполните

Од:

Бидете внимателни и одговорни во вашите ветувања и ветете го она што сте сигурни дека ќе го исполните, им порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател на Владата Никола Груевски на идните кандидати за градоначалници и млади кадри кои имаат намера да се занимаваат со политика.

– Не смее да се заборави дека кога сте во кампања и меѓу многу народ кој има очекувања од вас, да бидете внимателни. Масата знае да понесе и понекогаш да се дадат неодговорни ветувања. Внимавајте кога сте во еуфорична маса којашто бара од вас повеќе ветувања. Ветете толку колку што сте сигурни дека ќе можете да исполните. Луѓето не забораваат, тие помнат. Немојте да мислите дека ако вашиот политички опомент вети многу повеќе и нереално, дека народот тоа нема да го препознае. Луѓето се мудри и препознаат кој колку е искрен и кој ја говори вистината, рече Груевски на завршниот ден од политичката академија „Зајакнување на локалната демократија“.

Им порача да внимаваат на нивната лична репутација, да бидат чесни, работливи и посветени и да не забораваат на граѓаните.

– Нема лесни и незаслужени успеси. Потребно е многу труд, вложување и знаење, но и смелост да се преземе одговорност бидејќи нема поголема одговорност од таа кон граѓаните. Ви следи возбудлив период и контакти со граѓаните и не заборавајте на нив и откако ќе ви ја дадат довербата оти ако вие заборавите на нив и тие ќе заборават на вас на следните избори кои ќе дојдат по четири години, потенцира Груевски.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on