Како живее просечен Словенец, 27 години по напуштањето на СФРЈ?

Од:

Танјуг – Белград

Словенечкото население старее, но нивниот животен век е за осум години подолг, додека за килограм леб работат третина време помалку отколку пред 27 години, кога оваа земја на 25 јуни 1991 ја објави Декларацијата за независност, односно за отцепување од поранешна СФРЈ.

Словенечкиот портал siol.net откри некои интересни статистистички податоци, илустрирајќи ја социјалната слика на нацијата и животниот стандард на Словенците од пред 27 години и денес.

Просечната возраст на населението во Словенија на 1 јануари 1991 година изнесувала 35,9 години, а денес таа изнесува 43,2 години. Значително е намален бројот на лица помлади од 15 години, додека бројот на лица постари од 65 години е зголемен. Следствено, во 2017 година во основните училишта имало 44.000 деца помалку отколку во 1991 година.

Спротивно на тоа, бројот на пензионери се зголемува, а односот меѓу пензиите и приходите се влошува.

Во 1992 година старосната пензија достигна 78,4 проценти од нето-платата, додека во 2017 година тие паднаа на 58,4 проценти. Минатата година во Словенија имало 1.27 милиони работноспособни луѓе, од кои 67.000 беа невработени.

Според Државниот завод за статистика, денес во Словенија 19,4 отсто од популацијата е на возраст од 65 години или повеќе, а се очекува дека оваа возрасна група во 2057 година да изнесува речиси 31 отсто од словенечкото население.

Очекуваниот животен век исто така ќе биде продолжен. Момчињата кои ќе се родат во Словенија во 2080 година може да очекуваат да живеат 87 години, а девојчињата над 91 година.

На почетокот на својот пат кон независност, Словенија наиде на големи економски тешкотии, а истото се случи и во 2008 година кога земјата ја погоди глобалната економска криза. За 27 години, Словенија промени две валути. По прогласувањето независност во 1991 година, југословенскиот динар беше заменет со словенечкиот толар.

Толарите првично беа печатени како бонови, кои подоцна беа заменети со вистински монети. Со влезот во Европската унија, словенечкиот толар беше заменет со евро.

Според статистичкиот завод, поради различните валути во изминатите 27 години, тешко е да се спореди просечната заработувачка во 1991 година и денес.

Сепак, неспорно е дека цените од 1991 година растеле побавно отколку платите, според сиол.нет.

Минатата година, просечниот Словенец за килограм црн леб требал да работи 18 минути, или една третина помалку отколку во 1991 кога работел 27 минути.

За килограм мелено кафе во 1991 година морал да работи четирипати повеќе отколку денес, односно 5,2 часа во однос на сегашните 1.18 часа, а за да купи нов патнички автомобил „Рено” на просечниот Словенците сега му е потребно двојно помалку работа (1,925 часа) отколку пред 27 години (3.702 часа).

Во текстот, исто така, се забележува дека структурата на словенечката економија значително се променила во текот на изминатиот четврт век. Според Заводот за статистика, уделот на приходите од земјоделска дејност во БДП се намалени за повеќе од половина, односно од 5,7 проценти во 1991 година на 2,1 отсто минатата година, а значително е намале и уделот на приходите од индустријата и градежништвото, додека е зголемен уделот на приходите од услуги (од 50,3 проценти во 1991 година на 64,8 проценти во 2017 година).

Во 1991 година, словенечката економија се соочи со губење на југословенскиот пазар и воведување пазарна економија.

Во првите две години од независноста, економската активност во голема мера забави, така што во 1991 година БДП се намали за 8,9 отсто, а една година подоцна за 5,5 отсто.

Сепак, од денешна дистанца, БДП по глава на жител во Словенија во 1991 година бил четирипати помал отколку во 2017 година Всушност, пред 27 години БДП изнесувал 5.100 евра по глава на жител, а минатата година 21.000 евра, со што Словенија е рангирана на 16-то место меѓу земјите од 28-члениот блок.

Освен тоа, во првите години од независноста, Словенија забележа висока стапка на инфлација што достигна дури и неверојатни 250 проценти. Во текот на 2015 и 2016 година во земјата имаше дефлација, за минатата година растот на потрошувачките цени да изнесува 1,4 отсто, пишува сиол.нет.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија