СДСМ: Мицкоски не може да се помири со успешните економски политики на владата и напразно обвинува

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на видео-обраќањето на Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицкоски човекот што го советуваше Никола Груевски во носењето и спроведувањето на погубните економски политики нема никаков кредибилитет да зборува за економијата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и затоа напразно обвинуваат.

Реалните факти ги демантираат лажните обвинувања на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, идустриското производство во период јануари – мај 2018 е за 3,5 отсто поголемо во однос на периодот јануари – мај 2017. За потсетување, тоа е периодот кога партијата на Мицксоки со сите сили одбиваше да овозможи мирен трансфер на власта.

Евидентен е растот на минималната и просечната плата, растот на извозот и намалување на невработеноста. Само во првиот квартал од годинава во Македонија се влезени рекордни 235 милиони евра странски инвестиции, без при тоа да биде потрошен денар за скапи роуд шоуа и кампањи. Сето ова се реални податоци што ги демантираат празните обвинувања на Мицкоски.

Лицемерно и несериозно е Мицкоски да глуми загриженост за младите, кога токму во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ од државата заминаа над 600 илјади луѓе, а најголем дел од нив беа млади, образувани и работоспособни луѓе на кои криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ им ја затвори секоја можност за успех.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и натаму нека ја следат работата на Владата предводена од СДСМ за да научат како се работи одговорно, домаќински и во интерес на граѓаните“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он