(ВИДЕО) Мицкоски: Со раст од 0,1 отсто економијата на Македонија е најслаба во Европа

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека кога гледаме трговија од страна на владата со национални и државни интереси, кога се склучува, како што кажа, капиталунатсниот договор на Заев со кој се брише името Македонија и се прават редица други отсапки на штета на државата.

– Катастрофата во националната политика е само еден дел, а во реалниот живот е уште полошо. Со раст од 0.1 % економијата на Република Македонија е најслаба во Европа, а најновиот податок за индустриското производство во мај од 1.1% покажува дека растот на индустријата е недоволен и далеку од потребното ниво. Тоа значи дека граѓаните продолжуваат да осиромашуваат, а економијата да е закована на дното. Производството во рударството е во слободен пад од минус 7.3 %, секторот Енергија забележува пад за 6.3 %, и нетрајните производи за широка потрошувачка за цели 6.0 % итн. И кога ќе сакаат да престават лажна разубавена слика која е далеку од реалноста ќе кажат дека во април индустриското производство пораснало за цели 1.5 %, но во исто време пропуштаат да кажат дека освен тоа што растот е незначително мал, тоа е и далеку зад европскиот просек, вели Мицкоски.

Тој додаде дека во Македонија имаме очајно индустриско производство кое бележи раст од скромни 1,5 отсто, Словенија за месец април споредено со истиот месец лани има раст од 6.5 % или индустриското производство растело скоро за 4ипол пати повеќе од она во Македонија за истиот период.

– Романија пак забележува раст од 6 % што е за 4 пати повеќе од Македонија за истиот период, Полска раст од 5.9 %, Словачка раст од 4 %, Португалија и Финска раст од 3.8 отсто итн. Македонија на чело со Зоран Заев пропушта драгоцено време. Граѓаните добро знаат дека не живеат подобро, ниту пак работите ќе тргнат кон подобро. Сите алибија на оваа влада се веќе потрошени. Имаме ситуација каде владата го одзема достоинството на народот, во исто време кога создава сиромаштија и истата ја зголемува. Младите се најпогодени и затоа си заминуваат и ја напуштаат нашата држава и тоа мора да престане. Моја особена грижа ќе биде вниманието за потребата на оваа категорија на граѓани, затоа што тие заслужуваат подобро и тие заслужуваат повеќе. А ние тоа ќе го овозможиме. За почеток ќе овозможиме загарантирано вработување за 500 – тини најдобри студенти секоја година. Наместо во странство тие својата иднина ќе ја градат тука меѓу своите најблиски во нашата татковина. Ќе понудиме и многу други проекти, следете не. Работите мора да се променат. Состојбата на порази кои оваа влада и Зоран Заев и ги носат на Македонија мора да престанат. Македонија заслужува подобро и Македонија заслужува победи, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов