Во Охрид од понеделник зонско паркирање

Од:

Охриѓани и гостите од понеделник наплатата за паркинг во градот треба да ја вршат со смс пораки на телефонскиот број 144 644.

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ соопшти дека од 2 јули почнува да се применува зонско паркирање, согласно одлуката на Советот на општина Охрид донесена на 14 јуни годинава.

– Сите граѓани на Охрид, гости и посетители ги известуваме дека од понеделник ЈП „Билјанини Извори“ ќе врши наплата на паркирањето од 7 часот и 30 минути до 03 часот секој ден од неделата. Наплатата ќе се врши преку СМС систем и тоа преку следниот телефонски кориснички број 144 644, се вели во соопштението.

За начинот на наплата корисиниците ќе може да се информираат од упатството поставено на инфо таблите на сите улици каде ќе се врши наплата.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство