2 години и 10 месеци затвор доби напаѓачот на телохранителот на Оливер Спасовски

Од:

Кривичниот суд во Скопје го осуди на казна затвор од 2 години и 10 месеци Петре Жежовски од Скопје откако тој признал вина за настаните од крвавиот четврток.

Вчера во судот се одржало рочиште по неговото признание за вина, со кое раководела судијката Оља Ристова. Во пресудата пишува дека на 27 април по 18 часот и 30 минути Жежовски влегол во Собранието, извршил насилство врз повеќе граѓани, грубо навредувал и ја загрозил сигурноста на присутните.

Осудениот Жежовски физички нападнал полициски службеник, го фатил со двете раце за вратот и му рекол: „Кого криеш ти, кого штитиш“, го оттргнал друг полициски службеник од внатрешното обезбедување на Собранието.

Потоа, сега осудениот, со други лица, со туркање влегле во прес-салата на Собранието, каде што физички го нападнал обезбедувачот на Оливер Спасовски, Сашо Тасевски. Според пресудата, Жежовски го удирал со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа и со метални ногарки од канцелариски стол се обидел да го замавне и кон Оливер Спасовски, но бил оттргнат од обезбедувачот Сашо Тасевски, кој го возвратил ударот. Жежовски се обидел да го удри и Зоран Заев, но не успеал.

Оштетените Зоран Заев, Оливер Спасовски и Сашо Тасевски можат да бараат отштета во постапка во граѓанскиот суд во Скопје. Ова е трето признание на вина, откако претходно за кривичното дело „насилство“ вина признаа обвинетите Васко Цунгаревски и Димитар Попоски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година