Судии, адвокати и обвинители на работилница за специфичните аспекти од кривичната постапка

Од:

Судии, јавни обвинители и адвокати учествуваат на дводневна работилница за специфичните аспекти од кривичната постапка, што се одржува во Скопје, во организација на Академијата за судии и јавни обинители „Павел Шатев“, а во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ.

Воведни обраќања вчера на работилницата имаа директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска и раководителот на Отсекот за владеење на правото, Мисија на ОБСЕ во Скопје, Алфредо Стриполи.

Предавачи на работилницата се судијата во Врховниот суд на Република Хрватска и претседател на Групата држави против корупција (ГРЕКО) на Советот на Европа, Марин Мрчела, адвокатката од Загреб, Лаура Валковиќ и судијата на Основен суд Скопје 1, Ненад Савески.

Предавачите говореа на теми од областа на кривичната постапка, со посебен фокус на улогата на јавниот обвинител во претходна постапка (предистражна и истражна) и на улогата на судот во доказната постапка и постапка по жалба.

Во таа насока, на настанот се дебатираше за пристапот на одбраната до доказите на јавниот обвинител во предистражна и истражна постапка, испитувањето на сведок од страна на јавниот обвинител во предистражна постапка, улогата на судијата во претходната постапка, определување на мерката притвор – основи и предизвици од практиката и улогата на судијата при обезбедување и одземање на предмети – случаи од практиката.

На работилницата стана збор и за судската контрола над законитоста, што треба да направи судот при недозволени прашања од страна на странките, ефективно одлучување по приговори, прашања кои може да ги постави судот во текот на главната расправа, постапка по жалба, редовна и скратена постапка, јавна наспроти затворена седница во постапка по жалба и главна расправа по жалба пред второстепениот суд.

Учесниците на работилница презентираа случаи од практиката и разменија искуства.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски