Потпишани меморандуми за соработка за подобрување на ефикасноста на управните судови и јавното обвинителство

Од:

Меморандуми за соработка во областите на јавното обвинителство и управните судови се потпишаа денеска во Министерството за правда од страна на министерката за правда Рената Дескоска, амбасадорот на Велика Британија во Македонија Н.Е. Чарлс Гарет, како и претставници од Советот на јавни обвинители, Јавното обвинителство на Република Македонија, Управниот и Вишиот управен суд.

„Креирање на матрица за мониторинг на перформансите во Јавното обвинителство во Република Македонија“ е целта на потпишувањето на првиот меморандум во областа на јавното обвинителство. Со него ќе се обезбеди поддршка во клучните сектори од правниот систем на Република Mакедонија која ќе овозможи имплементирање на проектот во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи и ПрајсвотерхаусКуперс Македонија.

Вториот потпишан меморандум од областа на управните судови, пак, има за цел да обезбеди поддршка на управните судови да го имплементираат проектот „Подобрување на ефикасноста и ефективноста на управното судство во Македонија“. Исто така, проектот ќе биде имплементиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи и ПрајсвотерхаусКуперс Македонија.

Министерката Дескоска му се заблагодари на амбасадорот во заминување Чарлс Гарет за неговата досегашна соработка и неговата лична заложба и поддршка на институците во остварувањето на евроатлантските интеграции. Денешното потпишување на меморандумите е уште една потврда за добрата соработка помеѓу двете земји и решеноста на Владата за спроведување на започнатите реформи во правосудсвото – истакна министерката за правда Рената Дескоска. Таа додаде дека претстои период во кој сите заедно ќе работиме да се врати независноста на судството и обвинителството.

Амбасадорот Чарлс Гарет истакна:

„Судството и обвинителството и нивната независност се основата на едно демократско општество. Нивната работа влијае на секојдневниот живот на луѓето. Кога судството и обвинителството работат непристрасно во интерес на граѓаните, тогаш јавноста има доверба дека нивните права се почитуваат, дека нивните бизниси би имале раст и дека можат долгорочно да планираат. Странските директни инвеститори исто ги гледаат работите. Затоа успешните, стабилните и просперитетните општества имаат една заедничка работа – цврсто владеење на правото. Тоа е и причината зошто секторот правда е еден од клучните сектори во кои Македонија треба да спроведе реформи за да напредува на својот евро-атлантски пат. Во таа насока ја поздравувам јасната определба на судството, обвинителството и Министерството за правда да соработуваат во оваа област.“

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски