Ципрас: Прогресивните сили од двете земји ги надминаа разликите и создаваат надежна иднина

Од:

Верувам дека историјата ќе ги оправда прогресивните сили и во двете земји, кои ги надминаа разликите од минатото и заедно создаваат надежна иднина, напиша Алексис Ципрас на Твитер, по состанокот на Европската социјалистичка партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на вчерашниот состанок во Брисел, една од темите на европските социјалисти, бил и Договорот од Преспа.

– Европските социјалисти со ентузијазам го поздравија Договорот со нашите северни соседи. Длабоко верувам дека историјата ќе ги оправда прогресивните сили и во двете земји, кои ги надминаа разликите од минатото и заедно создаваат надежна иднина, напиша грчкиот премиер на неговиот официјален Твитер профил.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на свои информации објави дека на состанокот на Европската социјалистичка партија (ПЕС), Ципрас рекол дека минатата седмица била историска за Грција поради Договорот од Преспа и одлуката на еврогрупата за грчкиот долг.

– Ги затворивме сметките од минатото, рече Ципрас, според информациите, во обраќањето на подготвителниот состанок на ПЕС.

Тој ги обвини претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис и лидерката на Движење за промена, дека имаат формирано „заеднички фронт на политичка хипокризија и националистички популизам“, објави АНА-МПА и пишува дека учесниците на состанокот ѝ честитале на грчката влада и рекле дека Договорот е „историско достигнување со кое се гордеат сите прогресивни сили во Европа“.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски