Завршува 98. Рос-Рот семинар

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи завршниот ден на 98. Рос – Рот семинар организиран во соработка со Парламентарно собрание на НАТО на тема „Евроатлантска интеграција на Западен Балкан: зајакнување на Европскиот мировен проект“.

Се очекува да бидат соопштени завршните забелешки на Парламентарното собрание на НАТО, а претходно ќе се одржат двете последни сесии посветени на медиумите и меѓуетничките односи во Западен Балкан.

На сесијата посветена на Состојбата со медиумскиот пејзаж на Западен Балкан: влијанието на дезинформациите и погрешните информации во креирањето на јавното мислење, најавено е обраќање на министерот без ресор во Владата за комуникации, отчетност и транспаретност Роберт Поповски, а на панел дискусијата ќе учествуваат Синиша-Јаков Марушиќ, новинар на Балкан Инсајт/ Балканска истражувачка мрежа за известување и Немања Тодоровиќ Штипља, главен и одговорен уредник, Европски Западен Балкан.

Тема на последната сесија на овој 98. Рос Рот семинар се Меѓуетничките односи на Западен Балкан. Најавено е обраќање на вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика, како и на професорот од Универзитетот на ЈИЕ Ветон Љатифи и извршна директорка на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа Звездана Ковач.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање