Столтенбер ја поздрави претстојната средба Трамп – Путин

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ја поздрави претстојната средба помеѓу претседателот на Русија и на САД, истакнувајќи оти верува во дијалог.

– Ја поздравувам средбата Трамп – Путин, бидејќи верувам во дијалог, истакна Столтенберг.

Тој додаде дека е во целосна согласност со политиката на НАТО да се разговара со Русија и да се одржуваат состаноци со руските претставници.

– Не сакаме нова Студена војна. Не сакаме да ја изолираме Русија, сакаме да се бориме за подобри односи. За мене дијалогот не е знак на слабост, туку на сила, посочи Столтенберг.

Претседателот на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин на 16 јули ќе се сретнат во Хелсинки. Теми на разговор ќе бидат билатералните односи, како и за војната во Сирија и ситуацијата во Украина.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина