А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Влада: Иванов не ја разбира потребата на граѓаните од транспарентно и отчетно работење

by А1он28/06/2018 - 14:44160
Share0

„Одбивањето на предлогот за користење на алатката за транспарентност и отчетност од страна на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов даден од Владата на Република Македонија претставува несериозен пристап и е на директна штета на демократските принципи за транспарентно и отчетно владеење и на интересот на граѓаните кои треба да знаат како и за кои цели се трошат нивните пари.

Следете a1on на Instagram Instagram

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ја упати оваа иницијатива до институцијата Претседател на Република Македонија со цел да им се овозможи на граѓаните едноставен пристап до база на податоци кадешто ќе имаат увид во вкупните трошоци на избраните функционери и целите заради коишто се направени истите.

Согласно одлуката на Владата на Република Македонија трошоците на избраните функционери се објавуваат на секои 6 месеци и во тек е прибирање на податоците за периодот од декември 2017 заклучно со мај 2018.
Заложбата на Владата на Република Македонија за целосна транспарентност, отчетност и одговорност на носителите на јавни функции ќе придонесе тие вистински да работат во служба на граѓаните и ќе помогне во справувањето со корупцијата и останатите неправилности во работењето на институциите.

Изразуваме жалење што Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов не ја разбира важноста на оваа иницијатива и не покажува разбирање за потребата на граѓаните од транспарентно и отчетно работење на државните институции вклучувајќи ја и институцијата Претседател на Република Македонија“, се вели во соопштението на Владата на РМ.

Следете a1on на Youtube YouTube
ivanovvlada

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Горан Наумовски27/10/2026 - 16:17

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски17/10/2026 - 09:0917/10/2026 - 09:10

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Горан Наумовски12/10/2026 - 09:27

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео