СДСМ: Иванов е должен да одговори пред граѓаните за што ги троши нивните пари

Од:

„Наместо да се крие зад соопштенија Иванов треба пред граѓаните да одговори за што ги троши нивните пари.

Зошто Иванов има потреба нешто да прикрива од оние што го плаќаат, од граѓаните?

Граѓаните заслужуваат да имаат увид во трошењето на нивните пари од страна на избрани и именувани функционери.

Одбивањето на Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење преку која граѓаните во секој момент ги имаат на увид информациите и податоците за трошењето на нивните пари е уште еден доказ дека Иванов не ги почитува граѓаните.

За ова неодговороно однесување на Иванов граѓаните сами ќе ценат.

Јасно е, целокупното делување на Ѓорге Иванов е во спротивност на интересите на граѓаните и државата“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението од кабинетот на Ѓорѓе Иванов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он