Голем пожар на пазар во Најроби – најмалку 15 жртви

Од:

Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четири деца, а 70 се повредени во пожар на голем пазар во Најроби, соопштија полицијата.

– Пожарот го зафатил Гикомба Маркет и се проширил на куќи во близина, нагласи Кангете Туку, шеф на регионалната полиција во Најроби.

– Досега се евидентирани 15 жртви, изјави тој за локални медиуми. Пожарот избувнал утрото по локално време и се уште не е изгаснат, јави ДПА.

Ситуацијата дополнително ја усложнуваат експлозии на боци со природен гас кои се уште се регистрираат и бројот на жртви и повредени може да се зголеми.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“