СДСМ: Со одбивањето на Алатката за транспарентност Иванов не ги почитува граѓаните

Од:

„Целокупното политчко делување на Ѓорге Иванов е на штета на државата и граѓаните.

Со одбивањето на Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење Ѓорге Иванов им го ускартува правото на граѓаните редовно, точно, објекативно и транспарентно да бидат информирани за трошоците од неговото работење.

Со тоа Иванов покажува непочитување кон граѓаните.

Очигледно за Иванов граѓаните не се важни и со одбивањето на Алаткта за транспаретност крие за што ги троши нивните пари.

Интересите на граѓаните и државата треба да бидат на прво место за секого.

Владата предводена од СДСМ затоа и ја донесе оваа алатка за транспарентност и отчетност на трошоците кои ги прават владините функционери.

Граѓаните имаат право на сите информации за трошењето на нивните пари и тоа од страна на Владата ќе се спроведува и во иднина.

Заложбите за целосно и навремено информирање на граѓаните за трошењето на нивните пари и понатаму ќе се спроведуваат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он