Продолжува 98. Рос-Рот семинарот во Собранието

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска продолжува 98.РОС-РОТ Семинар.

Семинарот е во организација на парламентарното собрание на НАТО во соработка со Собранието на Република Македонија на тема „Евроатланска интеграција на Западен Балкан: зајакнување на Европскиот мировен проект“.

Денешните сесии на семинарот се посветени на Земјите-НАТО аспирантки од Западен Балкан: Патот напред, Реформите во одбранбениот и безбедносниот сектор и Од Скопје до Брисел: следните чекори во евроинтегративниот процес. Најавени се обраќања, меѓу другото, на заменик – министерот за одбрана Беким Максути и на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

Утре ќе се одржат седмата и осмата сесија на РОС-РОТ Семинарот а се посветени на Состојбата во медиумите во земјите од Западен Балкан и влијанието на дезинформациите и погрешните информации во креирањето на јавното мислење и Меѓуетничките односи на Западен Балкан.

Семинарот започна вчера со обраќања на претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Паоло Али и швајцарската амбасадорка во Македонија Сибил Сутер Тејада. Клучни напомени изнесе и поранешниот американски специјален пратеник на Балканот и заменик – помошник на генералниот секретар на НАТО за операции Џејмс Пердју.

Првата сесија беше посветена на Зајакнување на правото, реформа во администрацијата и правосудството и борба против корупцијата, втората на Добрососедските односи и стабилноста на Западен Балкан: Мерки за градење доверба, а на третата сесија се зборуваше за мигрантската криза и балканската рута.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска