Вчера во употреба во Дебар беше пуштена Саат-кула-џамијата која што е лоцирана во центарот на Градот.
– Ова е настан кој ние дебарчани го очекуваме со денови, недели и месеци и ете на крај го доживеавме овој исторски ден за нас. Во овој свет храм дебарчани ја имаат својата историја. Реализиацијата на овој сон на верниците се случува во година кога ја одбележуваме 100-годишнината од независноста на Албанија и албанското знаме. Симболиката е вметната и тука. Оградата околу џамијата има 100 прозорци на кои има 100 сијалици, а во дворот засадени се 100 садници од бор, рече во обраќањето дебарскиот муфтија, Ефенди Ружди Љата.
На свеченото пуштање на употреба на џамијата присуствуваше и поглаварот на ИВЗ реиз ул улема, Ефенди Сулејман Реџепи, со претставници од заедницата, имами и муфтии од повеќе општини од Македонија и лидерот на ДУИ Али Ахмети