СДСМ: ЕУ го награди напредокот, само Мицкоски не се израдува на успехот на Македонија

Од:

„Европската унија го препозна, го поздрави и го награди напредокот во изминатата година.

Во заклучокот од Советот на ЕУ јасно е наведено дека „Советот се согласува позитивно да одговори на наведениот напредок“ на Македонија и го поставува патот кон „отворање на пристапните преговори во јуни 2019 година“.

Јасно е се. Одлуката е донесена: Вратите за Македонија за членство во ЕУ се отворени, земјава започнува преговори за полноправно членство во 2019 година!

Македонија сега е препознаена како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи и општествен дијалог.

Држава која со силна, добронамерна политичка волја ги решава споровите со соседите и земја на граѓани кои имаат јасно изразена визија за европска иднина.

Неспоредливо со заклучоците во времето на ВМРО-ДПМНЕ кои говореа за „заробена држава“.

За само една година Македонија успеа да направи квантен скок. Од „заробена држава„ заедно успеавме да се вратиме на вистинскиот пат, на евро-атланскиот пат на иднината.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат доблест да го поздрават напредокот и успехот на Македонија којшто е постигнат заеднички со граѓаните.

Тоа е нивен избор. Но, треба да се присетат на уште еден дел од заклучоците на Советот на министри на ЕУ којшто зборува за „судските реформи и проактивните истраги, обвиненијата и конечните пресуди во случаите на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво“.

Правдата во Македонија треба да расчисти со наследството на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ како и со функцијата на Ѓорге Иванов, човекот што се обиде да ги амнестира и се уште ја кочи иднината на земјава.

На Мицкоски и на сите оние коишто потрошија 11 години од животите на граѓаните и деценија ја држеа Македонија во место, за лично, криминално богатење, треба да им е јасно дека Македонија тргна напред и враќање назад нема да има“, се вели во реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски