Поповски: Опозицијата во континуитет го блокира носењето на законот за медиуми

Од:

Опозицијата во континуитет го блокира носењето на законот за аудио и аудовизуелни медиумски услуги, а со тоа и го кочи суштинскиот почеток на реформите во медиумската сфера во Македонија, изјави министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски на отворањето на конференцијата: „Иднината на медиумите и новинарството во дигиталната ера“ во организација на Центарот за развој на медиуми.

– Тоа е многу видливо во собраниската Комисија за транспорт, врски и животна средина каде претседавач е од ВМРО-ДПМНЕ. Законот е буквално закочен. ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во ниту една од серијата дебати. Откако тој помина на Влада и беше испратен во Собранието, тие доставија некаде околу 70 амандмани, притоа кога Комисијата заседава и на дневен ред е законот бесконечно се дебатира по еден амандман. Остава впечаток дека сакаат да го блокираат законот и да ја задржат оваа статус кво ситуација или да се пазарат за кои членови да бидат именувани, изјави Поповски.

Посочи дека „пазар“ не доаѓа предвид и дека ова е последна и единствена шанса конечно вистинските професионалци да бидат избрани во советите, органите и телата.

– ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува неодговорност кон состојбите во општеството и од тие причини ја повикуваме медиумската заедница да се мобилизира и помогне со притисок во донесување на законот, истакна Поповски.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски