Audi официјално го претстави A1 Sportback

Од:

Чекањето е завршено, Audi го претстави моделот A1 Sportback кој изгледа одлично.

По тизер кампањата Audi ја претстави втората генерација на моделот A1 Sportback. Од германскиот гигант наведуваат дека овој автомобил е идеален сопатник за урбаниот стил на живот, но е погоден и за долгите патувања со оглед дека е долг 4,03, широк 1,74 и висок 1,4 метри.

Дизајнот на Audi A1 Sportback e инспириран од концептите Ur-Quattro и Sport Quattro, а ниската линија на кровот му дава агресивен и истакнат изглед во споредба со претходникот.

Рамниот C столб ги нагласува острите агли на урбаниот хечбек, додека S линијата го потенцира спортскиот карактер преку бројни карактеристики. Тука спаѓаат поголемите влезови за воздух, дополнителните прагови, издолжената хаубата и поголемото задно крило.

Фелните исто така изгледаат убаво, а достапни се во големина од 15, 16 и 17 инчи. Најголемите може да се добијат во црна или платинум сива боја и тие се дел од S Line опремата. Новиот A1 доби и поголем багажник и повеќе простор за патниците, особено на задните седишта.

Сто се однесува до моторот, тука е основниот трицилиндричен мотор кој развива 95 КС, додека најмоќниот 1,4 литарски мотор испорачува 200 КС во најмоќната верзија. Трицилиндричниот мотор може да се добие со шест-степен мануелен менувач или S-троник автоматскиот менувач.

Треба да се напомене дека најмоќниот мотор со турбополнење доаѓа само со S-троник автоматскиот менувач.

A1 е богато технолошки опремен и го има добиено новиот виртуелен кокпит на Audi сличен на оној во Audi A8. Тука е стандардниот 8,8 инчен MMI инфо-забавен систем со екран на допир, додека најдобро опремените модели имаат 10,1 инчен екран.

Овој нов модел на Audi поседува и напредни сигурносни системи како што е предупредување за напуштање на лентата, систем за предупредување на судир со автоматско кочење и прилагодлив темпомат.

Новиот Audi A1 ќе се продава како модел за 2019 година така што продажбата се очекува да започне кон крајот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска